Гледање видеа во апликацијата Видео
Користете ја апликацијата Видео за пуштање филмови и друга видео содржина зачувана или
преземена на уредот. Апликацијата Видео ви помага и да добиете постери, содржини,
информации за жанрот и детали за режисерот за секој филм. Можете да ги репродуцирате своите
филмови и на други уреди коишто се поврзани на истата мрежа.
Некои видеодатотеки можеби нема да се репродуцираат во апликацијата Видео.
1
Приказ на опциите на менито
2
Го прикажува неодамна pепродуцираното видео
3
Влечете го левиот раб на екранот кон десно за да ги пребарате сите преземени и зачувани видеа
4
Допрете за репродукција на сочувани или преземени видео датотеки
5
Лизгајте нагоре или надолу за приказ на содржината.
Репродуцирање видео во Видео
1
Од својот Почетен екран, допрете , потоа најдете и допрете Видео.
2
Пронајдете го и допрете го видеото што сакате да се репродуцира. Доколку видеото не е
прикажано на екранот, влечете го левиот раб на екранот надесно за да го отворите менито
на почетниот екран на Видео, потоа пронајдете го и допрете го видеото што сакате да се
репродуцира.
3
За да ги прикажете или скриете командите, допрете го екранот.
4
За да ја паузирате репродукцијата, допрете . За да ја продолжите репродукцијата,
допрете .
5
За премотување, повлечете го обележувачот на лентата за напредок налево. За брзо
премотување напред, повлечете го обележувачот на лентата за напредок надесно.
Репродуцирање видео на надворешен уред
1
При репродуцирање видео, допрете го екранот за да се прикажат сите контроли.
2
Допрете > Throw.
3
Одберете надворешен уред за репродуцирање на видеото. Доколку нема достапен
надворешен уред, следете ги инструкциите на екранот за да додадете.
Измена на поставки во Видео
1
Од својот Почетен екран, допрете , потоа најдете и допрете Видео.
2
Допрете > Поставки, потоа променете ги поставките како што сакате.
105
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Менување на поставките за звукот додека се репродуцира видео
1
Додека се репродуцира видеото, допрете го екранот за да се прикажат контролите.
2
Допрете > Аудио поставки, потоа променете ги поставките како што сакате.
3
Кога ќе завршите, допрете ОК.
Споделување видеа
1
Кога се репродуцира видео, допрете го , па допрете го Сподели.
2
Допрете ја апликацијата што сакате да ја користите за споделување на одбраното видео,
па следете ги потребните чекори за испраќање.