Sony Xperia Z Ultra - Фотографирање и снимање видеа

background image

Фотографирање и снимање видеа

1

Зумирање или одзумирање

2

Екран на главната камера

3

Приказ на фотографии и видеа

4

Фотографирање или снимање видео клипови

5

Враќање еден чекор назад или излез од камерата

6

Промена на поставките од режимот на снимање

7

Пристап до кратенките и поставките на камерата

8

Предна камера

Фотографирање од екранот при заклучување

1

За да го активирате екранот, кратко притиснете го копчето за вклучување .

2

За да ја активирате камерата, допрете ја и задржете ја иконата од камерата , потоа
повлечете ја налево.

3

Откако камерата ќе се отвори, допрете .

Фотографирање со допирање на екранот

1

Активирајте ја камерата.

2

Допрете , потоа допрете .

3

Повлечете го надесно лизгачот до Снимање со допир.

4

Насочете ја камерата кон предметот.

5

За да го активирате автоматскиот фокус, допрете и држете област на екранот. Кога
рамката на фокусот станува сина, подигнете го прстот за да направите фотографија.

Фотографирање со допирање на копчето на камерата на екранот

1

Активирајте ја камерата.

2

Насочете ја камерата кон предметот.

3

Притиснете го копчето на камерата на екранот . Фотографијата се прави штом ќе го
тргнете прстот.

Фотографирање авто-портрет со предната камера

1

Активирајте ја камерата.

2

Допрете

.

3

За да фотографирате, допрете го копчето за камера на екранот . Фотографијата се
прави веднаш штом ќе го ослободите прстот.

Користење на функцијата зум

Кога камерата е отворена, притиснете го копчето за јачина на звук нагоре или надолу.

Кога камерата е отворена, намалете го или раширете го екранот на камерата.

87

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Снимање видео

1

Активирајте ја камерата.

2

Насочете ја камерата кон предметот.

3

За да започнете да снимате, допрете .

4

За да паузирате кога снимате видео, допрете . За да продолжите да снимате, допрете

.

5

За да прекинете да снимате, допрете .

Фотографирање додека се снима видео

За да фотографирате додека се снима видео, допрете Фотографијата се прави веднаш
штом ќе го ослободите прстот.

Прегледување на фотографиите и видеата

1

Активирајте ја камерата, потоа допрете ја малата слика за се отвори фотографијата или
видеото.

2

Потчукнете налево или надесно за да ги прегледате своите фотографии и видеа.

Бришење фотографија или снимено видео

1

Пребарајте ги фотографијата или видеото што сакате да ги избришете.

2

Допрете го екранот за да се појави .

3

Допрете .

4

Допрете Избриши за да потврдите.