Sony Xperia Z Ultra - Поврзување на уредот со USB- додатоци

background image

Поврзување на уредот со USB- додатоци

Може да користите адаптер за USB-домаќин за да го поврзете вашиот уред со USB-додатоци, како
што се USB-масовно зачувување, контролери за игри, USB-тастатури и USB-глувци. Доколку USB-
додатокот има микро USB-приклучок, не е потребен адаптер за USB-домаќин.

Адаптерите за USB-домаќин се продаваат одделно. Sony не гарантира дека вашиот уред
ги поддржува сите USB-додатоци.

111

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Поврзување USB-додаток со помош на адаптер за USB-домаќин

Приклучете го адаптерот за USB-домаќин во вашиот уред, па поврзете го адаптерот со
USB-додатокот.

Може да се потребни дополнителни чекори или софтвер за поставување контролери за
игрите и додатоци за USB-аудио и USB-етернет. Sony не гарантира дека вашиот уред ги
поддржува сите USB-додатоци.

Пристапување до содржини на USB-меморија користејќи адаптер за USB-
домаќин

1

Приклучете го адаптерот за USB-домаќинот на вашиот уред, па поврзете го адаптерот со
USB-меморијата.

2

За да пристапите до датотеките и папките на USB-меморијата, користете апликација за
управување со датотеки како на пример File Commander.

Може и да ја отворите соодветната медиумска апликација на вашиот уред за директен
приказ на содржината. На пример, може да ја отворите апликацијата Албум за приказ на
фотографии складирани во USB-меморијата.

Исклучување на USB-меморијата

1

За да се отвори паното за известување, повлечете ја лентата за статус надолу, а потоа
допрете USB-меморијата е поврзана

2

Допрете ОК.

3

Отстранете го адаптерот за USB-домаќин од уредот.

Поврзување USB-додаток со помош на micro USB-приклучок

Приклучете го micro USB-приклучокот од USB-додатокот во вашиот уред.

Sony

не гарантира дека вашиот уред ги поддржува сите USB-додатоци со micro USB-

приклучок.